Нема раздор во ДУИ, Собранието не е блокирано, а парламентарното мнозинство е стабилно, вели Ахмети – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/21 8:23 PM

Нема раздор во ДУИ, Собранието не е блокирано, а парламентарното мнозинство е стабилно, вели Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека нема раздор во партијата и дека парламентарното мнозинство е стабилно и покрај тоа што пред два дена досегашниот координатор на пратеничката група Изет Меџити се повлече од таа должност, а на негово место дојде Арбр Адеми.

Ахмети, одоговрајќи на новинарско прашање на вечерашното одбечежување на 40-годишната од студентските демонстрации во Приштина,  рече дека владејачкото мнозинство е стабилно и нема ништо загрижувачко во Собранието.

За отсуството на Меџити на вечерашниов настан, вели дека  сигурно имал некои негови обврски.

– Тука беа пратеници, министри и повеќето беа присутни. Нема друга причина, нешто вонредно, тоа што не беше присутен. Парламентарното мнозинство навистина е стабилно, значи нема нешто загрижувачко внатре во тој дел, изјави Ахмети.

Парламентот не е блокиран, тврди Ахмети, освен некои закони кои опозициските партии ги блокирале на комисија што, според него, не е добро. Истакна дека ДУИ секогаш е отворена за компромис и дијалог.