Фондот за продукција на медиумски содржини да го носи името на Горан Гаврилов, последно простување на премиерот Заев – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/21 7:56 PM

Фондот за продукција на медиумски содржини да го носи името на Горан Гаврилов, последно простување на премиерот Заев

Премиерот Зоран Заев на неговиот официјален Фејсбук профил се прости од Горан Гаврилов, основач и сопственик на Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис.

Тој во неговиот статус напиша дека со огромно неверување ја примил информацијата за жалната вест.

„Со оваа прерана смрт изгубивме искрен и посветен медиумски работник кој со својата храброст и подготвеност да се соочува со професионалните медиумски предизвици предничеше и постави стандарди за медиумскиот бизнис и за новинарството кои ќе останат запаметени како негови дела.Со Горан Гаврилов како основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми, јас и Владата, заради неговото познавање на оваа област и заради неговиот ентузијазам, имавме блиска соработка и комуникација за унапредување на условите за работата на медиумите“, напиша Заев.

Тој меѓудругото во статусот напиша и за идните планови кои Гаврилов сакал да ги оставри, а кои биле насочени кон поддршка на новинарите и медиумските работници.

„Она што лично го знам, од моите разговори со него е дека секогаш беше на страната на новинарите. Имаше развиено и сериозен концепт и предлог иницијатива за основање на „Фонд за медиуми“ за продукција на медиумски содржини од јавен интерес, како механизам за поддршка на професионалните ангажмани на медиумските работници. Лично ќе се заложам неговиот сон да стане јаве и ќе дадам поддршка за основање на Фонд за продукција на медиумски содржини од јавен интерес, согласно неговата основна идеја, и по примерот на неколку европски земји ќе иницирам таквиот фонд да го носи името Горан Гаврилов“, напиша Заев.

Со огромно неверување ја примив жалната вест за смртта на Горан Гаврилов, основач и сопственик на Радио Канал 77 и…

Posted by Zoran Zaev on Thursday, March 11, 2021