Последно збогум за Горан Гаврилов – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/21 8:03 PM

Последно збогум за Горан Гаврилов

Последно збогум  и сочувство за Горан Гаврилов, сопстевникот на Радио Канал 77 и Македонски медиа сервис, испратија блиски негови соработници, пријатели.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрази сочувство до семејството на Горан Гаврилов, основачот на првото комерцијално радио на национално ниво, Канал 77.

„Во текот на долгогодишното опстојување на радиото во македонскиот медиумски простор, Агенцијата остваруваше соработка со неговиот основач којшто секогаш даваше активен придонес по прашањата кои се однесуваа на медиумската сфера“, напишаа од Агенцијата за аудио аудиовизуелни медиумски услуги.

„Примете го нашето најискрено сочувство за трагичната и прерана смрт на Вашиот основач и директор Горан Гаврилов. Загубата е ненадоместива. Слава му“, напишаа од Центарот за развој на медиуми.

„Со голема жалост ја примивме денешната вест за смртта на нашиот колега, претседателот на Надзорниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија и сопственик на националното радио Канал 77, Горан Гаврилов.

Гаврилов ќе остане запаметен како неуморен, посветен и амбициозен борец за остварување на својата визија за подобрување на состојбите во медиумската сфера, учествувајќи во многубројни процеси и иницијативи во оваа област.  Сочувство до семејството, пријателите, соработниците и до редакцијата на Канал 77.  Слава му, напишаа од Совет за етика во медиумите на Македонија.

Со голема жалост ја примивме денешната вест за смртта на нашиот колега, претседателот на Надзорниот одбор на Советот за…

Posted by Совет за етика во медиумите на Македонија/The Council of Media Ethics on Thursday, March 11, 2021

Длабоко жалење за ненадејната смрт испратија и од Македонскиот институт за медиуми.

„Изразуваме длабоко жалење за ненадејната смрт на нашиот драг и почитуван пријател и соработник, Горан Гаврилов, сопственик на Радио Канал 77. Со Горан соработувавме повеќе од 20 години. Беше човек со голема енергија, знаење и ентузијазам. Редовно споделувавме размислувања за состојбите во медиумската сфера и начините како да се решат проблемите. Беше присутен на сите наши конференции, советувања, работилници. Жалиме што изгубивме силен глас и голем професионалец во медиумската сфера. Изразуваме сочувство до неговото семејство и до сите колеги и вработени во радиото“, напишаа од Македонскиот институт за медиуми.

Изразуваме длабоко жалење за ненадејната смрт на нашиот драг и почитуван пријател и соработник, Горан Гаврилов,…

Posted by Македонски институт за медиуми – МИМ / Macedonian Institute for Media – MIM on Thursday, March 11, 2021

На својот Фејсбук профил сочувство изрази и Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Силно ме погоди денешната тажна вест за прераната смрт на почитуваниот Горан Гаврилов, основач и сопственик на Радио Канал77 и порталот ММС. Упатувам искрено сочувство до семејството и пријателите за оваа голема и прерана загуба. Нека е вечен споменот за Горан, на неговото дело во медиумскиот простор, но и како човек“, напиша Николовски.

Силно ме погоди денешната тажна вест за прераната смрт на почитуваниот Горан Гаврилов, основач и сопственик на Радио…

Posted by Ljupcho Nikolovski on Thursday, March 11, 2021

Последно збогум за Гаврилов напишаа и од Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ).

-Со неверување ја примивме веста за прераното заминување на Горан Гаврилов, сопственикот на еден од првите прватни медиуми кај нас, радио-мрежата „Канал 77“ и основачот на Асоцијацијата на приватните и електронски медиуми на Македонија. Неговиот придонес во создавањето на македонскиот медиумски плурализам е немерлив. Неговото заминување е ненадоместлива загуба, првенствено за семејството, за целата македонска јавност, но за севкупниот медиумски простор. Загубивме човек што даде многу во развојот на медиумската култура, но кој можеше да даде уште повеќе и пред кого стоеа сериозни и важни проекти. На нас е, онака колку што сме во можност, да го продолжиме неговото дело. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува најдлабоко и најискрено сочувство на семесјтвото на нашиот колега, пишува во соопштението. ССНМ

Жал ми е друже, напиша меѓу другото и директорот наМакедонската информативна агенција, Драган Антоновски на својот Фејсбук профил.

-Секогаш беше тука кога се боревме за новинарството и со ЗНМ и со СЕММ и со синдикатот…,кога требаше јасна порака,… без размислување ни гo пренесе синдикалниот концерт на The Reporters, на твоето радио во живо. Ми кажуваше за плановите за ТВ….остана се недоречено. Животот е навистина краток. Ја разбрав твојата порака ако не се видовме. Ја разбравме сите. Новинарството е опасно.. самоуништувачко… атрактивна ама приказна и професија без хепиенд.Нека ти е светол патот, напиша Антоновски..

 

 

Жал ми е друже,Пред неколку дена се

договаравме ми се јави дека доаѓаш накај Скопје, ми рече имаме многу што да збориме…

Posted by Dragan Antonovski on Thursday, March 11, 2021