Манчестер Јунајтед во моментов на „Олд Трафорд“ го игра првиот осминафинален дуел од Европа Лига против италијанскиот гигант Милан, а резултатот на полувремето е само 0:0. Гостите рано дојдоа во водство по прекрасниот погодок на Франк Кеси, но ВАР-системот реши дека играчот од средината на теренот играл со рака и голот бил нерегуларен.
Италијанците и повеќе од солидно „стојат на теренот“ и имаат своевидна иницијатива по првите 45 минути, но резултатот можеше да биде различен доколку централниот дефанзивец и капитен на „црвените ѓаволи“ не го промаши невозможното.
Хери Мегваер буквално од десет сантиметри близина го промаши голот на Донарума и непречен од никого ја погоди стативата.
— unfortunate football moments (@unluckyfootie) March 11, 2021
Како успеа, Мегваер? Како?
Фото:
Твитер / @SquawkaNews