Како изгледа Сталиновиот бункер во Москва на длабочина од 65 метри – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/21 6:39 PM

Како изгледа Сталиновиот бункер во Москва на длабочина од 65 метри

Под московскиот асфалт се крие вистински подземен град составен од тунели, бункери, складишта и катакомби. Таму влезе „24 сата.хр“ и направи репортажа за тајниот воен објект „Бункер-42“.

Во времето кога СССР е подготвуваше за трета светска воја, никој не можеше да замисли дека под една обична мала зграда во мала московска улица се крие командниот пункт на стратегиското воздухопловство, сместен во подземно засолниште.

„Кога Кубанската ракетна криза стигна до најжешка точка, овoј објкет, во кој сега се наоѓаме, бил стaвен во состојба на готовност – рече за „24 сата.хр“, директорот на „Бункер-42“, Сергеј Каменски.

Овој Бункер-42 е досега најголемиот откриен бункер. Неговата длабочина е 65 метри или колку еден солитер од 18 ката. Заради споредба, длабочината на Хитлеровиот бункер во Берлин е 16 метри, а на Черчиловиот во Лондон само четири метри. Московскиот бункер се’ уште работи и ако некому му треба скривница во него може да помине неколку месеци. Бункерот има посебна филтрација и прочистување на воздухот, залихи на вода и облека што заштитува од зрачење.

„Овде генералите донесуваа одлуки за нанесување евентуален возвратен нуклеарен удар на територијата на САД. Трета светска војна овде можеше да биде прогласена во секој момент“, објаснува Каменски.

Тука се и другите тунели. Сталиновиот бункер од Русите беше скриен се’ до неодамна, кога го купи државна компанија. Влезот во вториот и третиот отсек на Бункерот им е дозволен само на одбрани и тоа со определен надоместок.

Првиот и четвртиот отсек се затворени, но екипата на „24 сата“, сепак, била пуштена во нив. Бункерот 42 се наоѓа под метро-станицата Таганка, на три километри од Кремљ. Изграден е во екот на Студената војна. Бил граден според замисла на самиот Сталин. Четириесет години служел како посебен објект, а во 2006 година доживеал преобразба.

Подземниот комплекс се протега на 7.000 квадратни метри и се состои од четири системи на тунели…