Коронавирусот го парализира светот: Една година од прогласувањето на пандемијата – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/21 5:23 PM

Коронавирусот го парализира светот: Една година од прогласувањето на пандемијата

Помина една година од прогласувањето на пандемијата на коронавирусот во светот. Коронавирусот брзо се прошири низ светот, по појавата во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, ги затвори луѓето во домовите, доведе до големи загуби во економска смисла и предизвика смрт кај повеќе од 2.633.000 лица, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Кога Ковид-19, кој се претвори во епидемија со ширењето од Вухан во многу земји и региони од светот, започна глобално да го загрозува јавното здравје надминувајќи ги азиските граници, светот започна да се соочува со невидливиот непријател, а мерките за контрола и спречувањето на ширењето на вирусот станаа главна програма на сите земји.

Тедрос Аданом Гебрејсус, генералниот директор на Светската здравствена организација, на 11 март 2020 година прогласи глобална пандемија на коронавирусот.

– Се заразија повеќе од 118,7 милиони лица

Според информациите кои новинарот на АА ги собра од страницата „Worldometer“, која објавува податоци за новите случаи на Ковид-19 во земјите и регионите, од појавата на коронавирусот во Вухан, па до прогласувањето на пандемијата, регистрирани се 148.678 случаи на заразување, излекувани се 68.311 лица, а од последиците на вирусот починаа 4.635.

Тој број денес, една година по прогласувањето на пандемијата, е многу поголем. На коронавирусот во светот позитивни беа 118.723.992 лица, починаа 2.633.965, а од вирусот се излекуваа 94.312.350 лица.

Речиси половина случаи во светот се регистрирани во САД, Индија, Бразил, Велика Британија и Русија. Речиси половина од вкупниот број на починати од последиците на вирусот се регистрирани, исто така во наведените земји.

Во 21 земја во светот се забележани повеќе од милион позитивни на коронавирусот.

На прво место по бројот на заразени се САД, каде што се регистрирани 29.862.124 случаи на заразување со Ковид-19.

Следуваат Индија со 11.285.561 случај на заразување, потоа Бразил (11.205.972), Русија (4.360.823), Велика Британија (4.234.924), Франција (3.963.165), Шпанија (3.178.442), Италија (3.123.368), Турција (2.821.943), Германија (2.532.855), Колумбија (2.285.960), Аргентина (2.169.694), Мексико (2.169.694), Полска (1.849.424), Иран (1.715.162), Јужноафриканска Република (1.524.174), Украина (1.425.522), Индонезија (1.398.578), Перу (1.403.722), Чешка (1.365.724) и Холандија (1.133.474).

И најголемиот број на смртни случаи предизвикани од последиците на заразувањето со коронавирусот се регистрирани во САД, и тоа 542.191.

Следуваат Бразил (270.917), Мексико (192.488), Индија (158.213), Велика Британија (124.987), Италија (100.811), Русија (90.734), Франција (89.565), Германија (73.276), Шпанија (71.961), Иран (60.928), Колумбија (60.773), Аргентина (53.359), Јужноафриканска Република (51.015), Перу (48.323), Полска (46.373), Индонезија (38.049), Турција (29.227), Украина (27.685), Чешка (22.624) и Холандија (15.948).

 

– Најмногу излекувани во светот се регистрирани во САД

САД исто така се на врвот и по бројот на заразените кои се излекуваа од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата на коронавирусот се излекуваа 20.640.270 лица.

Меѓу земјите со најголем број на излекувани се Индија (10.938.146), Бразил ( 9.913.739), Русија (3.959.533), Велика Британија (3.348.489), Шпанија (2.823.433), Турција (2.649.862), Италија (2.535.483), Германија (2.337.000), Колумбија (2.187.473), Аргентина (1.961.640), Мексико (1.685.996), Полска (1.516.540), Иран (1.464.268), Јужноафриканска Република (1.445.979), Перу (1.294.623), Индонезија (1.224.603), Украина (1.210.246), Чешка (1.178.832) и Франција (269.019).

Поголемиот дел од земјите во светот започнаа со вакцинацијата против коронавирусот. Моментално за итна употреба се одобрени вакцините произведени во САД, Кина, Русија и Индија.

Според последните податоци, досега против коронавирусот во светот се вакцинирани повеќе од 300 милиони луѓе. Вакцините ја претставуваат надежта дека светот ќе го победи коронавирусот и ќе излезе од пандемијата.