Наумче Мојсовски: Правиме напори дел од натпреварите од турнирот во одбојка да се одржат и во Велес и други градови – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/21 5:19 PM

Наумче Мојсовски: Правиме напори дел од натпреварите од турнирот во одбојка да се одржат и во Велес и други градови

Одбојкарската федерација на Македонија, понудила дел од натпреварите од меѓународниот турнир во одбојка, планиран за месец мај во Скопје, да се одржат и во Велес и други градови, за што веќе се направени и разговори со надлежните од Општина Велес и Агенцијата за млади и спорт.
При денешната посета на Градскиот фудбалски стадион во Велес, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, потенцира дека, освен во Скопје, вакви врвни меѓународни спортски натпревари треба да има и во Велес и други градови, со што сите граѓани во земјава подеднакво ќе следат спорт. Мојсовски појасни дека за да се реализира тоа во СРЦ „Гемиџии” во Велес, засега има проблеми со соблекувалните и тоалетите.

 

– Сакам да се донесе решение од Општина Велес, да се види каде точно има проблеми и побрзо да се донесе тоа решение и проблемот да се санира за да може да се овозможат меѓунардни одбојкарски и натпревари од други спортови  во СРЦ „Гемиџии”. Велес и граѓаните на Велес тоа го заслужуваат, бидејќи Велес е со долга спортска традиција и ќе направикме сè тука повторно да донесеме меѓународни спортски натпревари, најави Мојсовски.

Со средства од Агенцијата за млади и спорт, пред неколку години, беше саниран покривот во делот каде што е спортскиот терен и публиката.

Мојсовски вети дека ќе направи напори да се санира парното во салата кое со години не работи, како и системот за разладување во салата. Воедно, и странично да се санира покривот на салата каде што се сместени комерцијални и други помошни простории во кои сè уште прокиснува.
 
Мојсовски, заедно со својот тим, и градоначалникот Аце Коцевски, и нивни стручни тимови, денеска направија увид во СРЦ „Гемиџии” во состојбите на салата за на лице место да констатираат за тоа каде треба под итно да се изврши реконструкција на соблекувалните и тоалетите, како прв предуслов во најскоро време да се овозможат натпревари  од  поголеми меѓународни турнири во разни спортови.