Пет медицински лица при Физикалната терапија во штипската Клиничка болница се позитивни на Ковид 19 и моментално состојбата тука е доста сложена, потврди денеска директорот Ален Ѓеоѓијев.
„Тука сите тројца доктори се позитивни на Ковид 19 и ќе мораме да ја прекинема работата на физикална и медицинска терапија. Ќе се наоѓаме начини, што да правиме со пациентите кои што имаат потреба од лекарски потпис и извештаи. Наше е да ја надминеме состојбата и да излеземе во пресрет на барањата и потребите на пациентите,“информира Ѓеорѓијев.
Во моментов, додава Ѓеоѓијев, на физикална терапија се наоѓаат десет пациенти.
„Во координација сме со докторите кои се изолирани и се на боледување. Според нивна препорака, ќе процениме дали тие можат да останат и понатаму со оглед на клиничката слика која што ја имаат, бидејќи има таму медицински сестри, тие остануваат на работа и можат и понатаму да прават третмани на физикална терапија. Можат да бидат отпуштени и да заминат на домашно лекување, со што ќе го испразниме одделот за физикална терапија. Така да се’зависи од пациент до пациент, “ образложи Ѓеорѓијев.
Позитивни на ковид 19 има и на Кардиологија. Има медицински лица во изолација, според препорака на епидемиолог.Тие што не се во групата за изолација исто ќе се тестираат, се со цел заштита и на вработените и на пациентите.
„ Во моментов работата е организирана. До Клиниката за кардиологија веќе испративме писмо уште пред два дена дека сите околни здравствени установи ќе ги препраќаат нивните пациенти на Клиниката, се додека не се стабилизира состојбата на штипска Кардиологија,“изјави директорот на штипската Клиничка болница.