Наградата за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии доделена на штедилница ФУЛМ – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/18 8:42 AM

Наградата за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии доделена на штедилница ФУЛМ

Во избор на 109 земји од светот,  штедилница ФУЛМ ја доби престижната 2018 World Council Growth Award (награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии) во рамките на Меѓународната конференција на кредитни унии.

„Повеќе од 30.000 граѓани во Македонија се заслужни за оваа награда, кои во изминатите скоро 20 години, со нашите кредити и депозити ги реализираа нивните успешни приказни поради кои се гордеевме секојдневно. Нашата награда е резултат на несебичното залагање и посветеност на вработени и органи на управување со нивните семејства, деловни соработници, соработка со претставници на законодавната, извршната власт, регулаторните институции и вработените во интернационални организации, посебно USAID Македонија“, изјави Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на ФУЛМ.

Од штедилницата велат дека наградата дополнително ги поттикнува да ја спроведуваат нивната страгегија за имплементација на информативни-комуникациски технологии
и социјални медиуми со цел што повеќе граѓани да имаа пристап до финансиските услуги на штедилница ФУЛМ, посебно во сферата на платни услуги.