Со средства во вкупен износ од околу 10,5 милиони денари ќе се гради нов водовод во селото Луке, Кривопаланечко.
Градоначалникот на Крива Паланка потпиша договор за започнување на изградба на водоводот, кој ќесе финансира со средства одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за управување со водите за 2018 година.
– Водоводната мрежа ќе се гради во две фази, од кои во првата, за изградба на примарна мрежа ќе бидат инвестирани 6.381.376 денари, додека ва секундарна мрежа што ќе биде реализирана во втората фаза ќе бидат вложени 4.179.019 денари. Ова е проект кој ќе опфати голем дел од селото Луке, а се однесува на населбите: Просарци, Камењарци и Мачорци, изјави Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка.
Според предвидената динамика на активности, наскоро ќе отпочне изградбата на првата фаза, која треба да биде реализирана заклучно со 25 декември годинава.
Извор:МИА