Време: Утре сончево, но и постудено – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 8:53 PM

Време: Утре сончево, но и постудено

Сончево со мала до умерена облачност и постудено. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено претпладне и поизразен вдолж Повардарието. Утринските температури од минус осум до два, а дневните од два до 11 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

В петок и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура. Нови врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат в понеделник.