Најмалку едно лице загина и три лица се повредени во експлозија на бомба, чија цел бил тим за информирање за пандемијата на Ковид-19 во главниот сомалиски град Могадишу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Државната телевизија СНТВ објави дека терористот како цел го имал автомобилот кој превезувал членови на тимот за информирање за пандемијата на Ковид-19 во подрачјето Каран во Могадишу, при што возачот починал, а три лица се повредени.
Абдифатах Хасан, полициски службеник во главниот град, за АА изјави дека се работи за експлозија на нагазна мина и дека двајца од повредените се припадници на обезбедувањето кои биле во придружба на тимот за подигање на свеста за Ковид-19.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Во вторникот, канцелариите на мировната мисија на ОН и Африканската Унија во Могадишу беа погодени со минофрлачки гранати. Одговорност за нападот презеде Ал Шабаб.