Никој не му јавил дека завршила Втората светска војна: Се борел уште 30 години, се предал на денешен ден – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 8:16 PM

Никој не му јавил дека завршила Втората светска војна: Се борел уште 30 години, се предал на денешен ден

На денешен ден во 1974 година во јужниот Пацифик се предаде најславниот јапонски војник од Втората светска војна, поручникот во Јапонската царска војска, Хиро Онода. Тој речиси полни 30 години се криел во џунглите на филипинскиот остров Лубанг, одбивајќи да поверува дека Јапонија капитулирала. Сите три децении ги поминал во пасивно криење и во борба – убивал Филипинци, вршел диверзии, палел земјоделски посеви… Во 1984 година се предал дури откако бил доведен неговиот непосредно надреден офицер во војната, Јошии Танигуши, пренесува „Слободна Далмација“.

Пред Втората светска војна Онода бил обичен граѓанин вработен во трговска компанија. Како 20-годишник бил повикан во јапонската војска и поминал тешка обука во специјална единица за герилско војување. На филипинскиот остров Лубанг, каде ќе остане 30 години, дошол во декември 1944 година. По доаѓањето на американските и филипинските трупи на островот, со тројца соборци се повлекува во планините, каде што ја почнува бескрајната герилска војна против филипинската војска, во која убиле десетици, а раниле стотина луѓе.

Малата група герилци не слушнала дека Јапонија капитулирала во август 1945 година. Продолжила со „борбата“. Изнервираното локално население барало разни начини како да ги извести дека војната завршила, дури им биле фрлани и летоци од авион. Но Јапонците мислеле дека таквата вест е непријателска пропагнда.

Првиот соборец на Онода „дезертирал“ во 1949 година. Другите загинале, од кои последниот во 1972 година. Онода останал да се бори сам уште две години. Кога се предал, во присуство на неговиот надреден офицер во војната, го предал и своето оружје – пушка во добра состојба, повеќе од 500 куршуми, неколку бомби, самурајски меч и бодеж.

Филипинските власти му ги простиле сите злосторства зашто Онода навистина верувал дека војната уште трае. Во Јапонија се вратил како херој. Му ги исплатиле заостанатите плати за 30 години што ги поминал во џунглата на состровот. Доживеал длабока старост и починал на 92 години.

Онода не е единствен „заостанат“ јапонски герилец од Втората светска војна. Ги имаше многу ширум Пацификот. Последниот официјално откриен е Теруо Накамара, етнички Тајваец и доброволец во јапонската армија, кој се криел на островот Моротао во Индонезија се’ до декември 1974 година.