Кинез во Цетиње нападнал директорка на банка – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 7:55 PM

Кинез во Цетиње нападнал директорка на банка

Црногорската полиција во Цетиње приведе кинески државјанин поради напад на директорка на филијала на банка на улицата Бајо Пивљанин.

„Кинескиот државјанин Л.У.(24) е приведен поради тоа што по краток вербален судир физички ја нападнал директорката“, сооштува полицијата, пренесува „Вијести.ме“.

Во соопштението се наведува дека истиот Кинез бил баран и поради наводен напад на малолетно лице во претходниот период.

Л.У. е спроведен на издржување казна во траење од еден месец.