Ќе се отвори истурена канцеларија на МТСП во Крива Паланка – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/18 8:14 AM

Ќе се отвори истурена канцеларија на МТСП во Крива Паланка

Во просториите на локалната самоуправа на општина Крива Паланка ќе биде отворена истурена канцеларија на Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

– Општината отстапи на користење сопствени деловни простории без надомест за потребите на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) заради адаптирање на истите за пријавен центар. Во тек се градежни активности за реновирање на просторот и адаптирање во центар кој ќе го олесни пристапот на граѓаните до услугите во делот на социјалната заштита и заштитата на децата, информира градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Просторот се адаптира и општината ќе ги покрие трошоците за работа на канцеларијата, додека МТСП ќе ја опреми до целосна функционалност.

Во канцеларијата граѓаните ќе бидат опслужувани од две вработени лица, од кои едното ќе биде превземено од Меѓуопштински центар за социјални работи, Крива Паланка, додека другото ќе биде нововработено лице.

 

Извор:МИА