Нагорно Карабах: За четири месеци во експлозии на мини загинаа 10 азербејџански цивили – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 7:20 PM

Нагорно Карабах: За четири месеци во експлозии на мини загинаа 10 азербејџански цивили

Од 10 ноември 2020 година, кога ерменската војска се повлече од окупираните подрачја на Нагорно Карабах, до денес во експлиозии на мини поставени за време на окупацијата животот го изгубија 10 азербејџански цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).

Обвинителството на Азербејџан соопшти дека од потпишувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија, на територијата која беше окупирана неколкупати, дошло до експлозија на мини поставени од страна на ерменските сили.

Според податоците на Обвинителството, до денес 10 азербејџански цивили загинале во такви експлозии.

Во истиот период, 11 цивили се здобиле со повреди во експлозиите.

Обвинителството го предупреди населението да не се движи по териториите кои се ослободени од окупацијата, сè додека не бидат целосно деминирани.