(ВИДЕО) Грујиќ како Бускец, „повреден“ трошеше време на земја – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 6:50 PM

(ВИДЕО) Грујиќ како Бускец, „повреден“ трошеше време на земја

Низ прсти и како фудбалерот на Барселона своевремено, српскиот интернационалец Марко Грујиќ во  продолжението на дуелот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите ја засмеа јавноста и дополнително ги изнервира фановите на Јувентус.

Некогашниот играч на Црвена Ѕвезда, Ливерпул и Херта Берлин, во судиското продолжение и при резултат поволен за неговиот тим, прекршокот врз него го претстави подрамтично одошто всушност беше и исходот на истиот го проследи „низ прсти“ од земја.

 

Порто загуби со 3:2 од Јувентус, но поради подобриот скор на гости се пласираше во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите. А Марко Грујиќ, за него целта ги оправдува средствата. Ниту прв, ниту последен.

 

 

 

 

Фото:

liverpooloffside.sbnation.com