Новинарите во секојдневната работа се соочуваат со секаков тип на дезинформации и полуинформации, поради што е потребна будност, но и располагање на факти за се препознаат и да се одговори. Во морето на информации, особено со пристапноста преку интернет, потребен е изграден систем во секоја редакција на отпор кон дезинформациите.
На секого може да му се случи да наседне на дезинформации, но најважно е да не стигне до публиката, туку тоа да се реши внатре, во редкацијата.
Ова е ставот на новинарката Весна Коловска, која заедно со Теодора Новеска го изнесуваат своето искуство со дезинформациите.
Видеото е изработено во рамките на јавната кампања #дезинформации на ЗГ „Медиа плус“ – Штип