Со години нема кој да ги промени патоказните табли, пред граничниот премин Свети Наум кај Охрид, а на кои името на соседна Албанија, е напишано како Народна Република Албанија. Иако западниот сосед, веќе неколку години е дел и од НАТО,а времето на Енвер Хоџа одамна е минато, на македонска страна како да застанало времето. Туристичките работници велат дека ова е срам и оти знаците под итно треба да се променат.
-Од гледна точка на туристички водичи тоа е многу интересно, бидејки кога се приближуваме кон Свети Наум, на нашите клиненти им кажуваме мал дел од таа приказна,за времето на комунизмот, кога диктаторот Енвер Хоџа владеел со Албанија. Но сега станува збор за едно сосема друго општествено уредување и сметам дека Македонија пат треба да преземе одредени мерки и да го смени тој знак, изјави Климент Наумов, туристички водич од Охрид.
За туристичкиот работник од Охрид, Владо Суклоски, тоа е државна политика, но секако она што е официјално треба да биде на самата граница.
Ова прашање многу често се третира со потсмев од страна на многубројните домашни и странски тур оператори и туристи кои во голем број поминуваат одовде. Од Агенцијата за државни патишта сега со ново ветување.
-Јавното претпријатие за државни патишта во годишната програма за 2021 година има предвидено изработка на проектна документација за санација на регионалниот пат Р1301, Охрид–Свети Наум,во која е содржано и сообраќајното решение. Во меѓувреме е даден налог на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта- Македонија пат, за замена на таблите, велат од Агенцијата за државни патишта.
Исто така во лоша состојба е патниот правец кој води до Свети Наум. Непрегледен, на многу места раскопан и со дупки.Овој пат води и кон граничниот премин со соседна Албанија.
Мики Трајковски