Откако се урнал со авион, бразилски пилот преживеа 36 дена во амазонските прашуми – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 6:10 PM

Откако се урнал со авион, бразилски пилот преживеа 36 дена во амазонските прашуми

Бразилскиот пилот Антонио-Тонињо Сена, чиј авион се урнал во прашумите на Амазон, поминал 36 дена во дивината. Кога по повеќе од еден го пронашле, бил ослабнат 25 килограми, јавуваат бразилски медиуми, а пренесуваат агенциите.

Сена на 28-ми јануари полетал од Аленквер, на северниот брег на реката Амазон, со “цесна 210”. Меѓутоа, моторот откажал, па морал принудно да слета, пренесува „Мирор“.

Во текот на 36-те дена првин јадел леб што го имал во себе, потоа се „снаоќал“ Го пронашла група земјоделци благодарение на запален оган.

Кога дошле спасителите, го нашле видно исцрпен, дехидриран и слаб. Бразилската телевизија пренела дека дека имал средба со семејството пред да биде однесен во болница.

“Единственото нешто што ме одржуваше во живот беше мојата љубов кон семејството и желбата да ги видам родителите, сестра ми и брат ми”, рекол пилотот кој ја доживеал авионската несреќа два дена пред својот 36. роденден.