Загадувањето од печката во „Дрисла“ не ги надминува просечните вредности – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/18 8:11 AM

Загадувањето од печката во „Дрисла“ не ги надминува просечните вредности

Загадувачките супстанци во воздухот од печката за согорување медицински отпад на депонијата „Дрисла“ не ги надминуваат просечните вредности. Ова го констатира Државниот инспекторат за животна средина и надлежен државен инспектор за животна средина, по извршените мерења.

Тие извршиле увид во интерниот мониторинг на емисијата на гасови од оџакот на печката за согорување медицински отпад.

– По добиените резулати од акредитираната лабораторија од шести јуни и четврти јули годинава од извештаите од мерењата на јаглероден моноксид, јаглероден двооксид, азотни оксиди, сулфурен двооксид и прашина, емисиите не ги надминуваат просечните вредности, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.

Оттаму информираат дека конитинуирано ја следат работата на депонијата „Дрисла“ и на печката за согорување медицински отпад.

 

Извор:МИА