Вработувањето некогаш се сметло дека е доволно за успешна интеграција на странците во општеството, но Германија веќе се откажува од ваквите размислувања.
По речиси три години планирање и дискусија, германската канцеларка Ангела Меркел, заедно со федералните и граѓанските лидери, објави 100 мерки како дел од Националниот акционен план за интеграција. Предвидено е воведување на еден вид систем на колегијална поддршка за новодојденците. Идејата е германските граѓани да бидат ментори на странски доселеници со цел нивно полесно интегрирање во системот, пишува Дојче веле.
Во основа, планот од 100 точки е претставен во пет категории, од мерките за пред-интеграција, како што се поставување очекувања пред лицето да се пресели во Германија, до зајакнување на социјалната кохезија преку образование и социјални активности. Дискриминацијата беше една од главните теми на дискусија во вторникот. Меркел и другите говорници на прес-конференцијата по самитот истакнаа дека расно мотивирани терористички напади, како што е смртоносното пукање во Ханау во 2020 година или убиствата извршени од Националсоцијалистичкото подземје (НСУ), претставуваат огромен чекор назад во создавањето на безбеден и инклузивно опкружување во Германија.
Покрај спречувањето на насилството, акцискиот план предвидува ширење на антидискриминаторски напори, како што се советодавни центри кои можат да им помогнат на луѓето кои се изложени на говор на омраза или не биле во можност да добијат работа поради нивната етничка припадност или религија. Извештајот објавен пред самитот исто така повикува на униформно документирање на ваквите случаи со цел подобро да се разбере како се јавува дискриминација.
25 проценти од германското население има странско потекло
Приближно 25 проценти од германското население има странско потекло. Заедно со фактот дека Германија е на второ место по САД меѓу земјите на ОЕЦД според имиграциските бројки, ова укажува на друг аспект на интеграција, а тоа е дека интеграцијата ги одминува бегалците. Благодарение на силната економија, Германија забележа раст во работната сила , односно квалификувани работници, кои доаѓаат од голем број земји. Германскиот високообразовен систем е магнет и за странските студенти, пред пандемијата имаше 400 000 студенти на германските универзитети.
index.hr
фото-rg.ru