Од Општина Тетово, велат дека секој граѓани ако забележи поголем ерозивен процес да го пријави до локалната самоуправа која ќе реагира согласно можностите
Ерозивните процеси кон ова рекреативно место се се почеста појава. Делницата кон Бањиче започна да се реконструира откако река Пена се излеа и речиси целосно го оштети овој коловоз. Но откако реконструираниот пат се пушти во употреба свлечиштата на земјата се се почести.
Геолозите тогаш предупредија дека одроните на патот се резултат на неговото проширување, кое е направено со остра косина на самите падини на Шара.
Според експертите ќе треба да помине подолг период за да се стабилизира земјата и сама по себе да си го најде лежиштето. Но во меѓувреме треба местото да се обезбеди со потпорни ѕидови но и со засадуавње на високостеблести дрвја со големи корени, нешто што во пракса засега не се реализира.
Зоран Димовски