Поради неефикасен распоред и несоодветни протоколи од страна на менаџментот на Клиничката болница, медицинскиот персонал од Кардиологија и Физикална се во изолација, обвинија денеска на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ Штип.
„Неодговорноста на директорот и неговите блиски соработници резултира со ширење на пандемијата, токму онаму каде што треба да сме најсигурни. Клиничката болница во Штип, наместо да се грижи за здравјето на пациентите и на вработените, покажува знаци на жариште на опасната болест,“ рече Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ Штип.
„ Досега повикувавме на одговорност на криминалните тендери, нефункционалните апарати, неразјаснетата смрт на пациентите и неажурноста на раководниот тим на Болницата, меѓутоа свесно загрозување на здравјето на пациентите и вработените од Кардиологија и Физикална, не само што бара оставка, туку и кривична одговорност,“ рече Ефтимов.
Со овој така наречен прес денес ВМРО-ДПМНЕ се надмина себе си, реагираа од Клиничката Болница.
“Да обвинуваш раководство на болница дека е виновник што имаме случаи на Ковид 19 и изолирани вработени на одделите за Кардиологија и Физикална медицина е во најмала рака подмолно и ниско,“ се вели во реакцијата од Клиничката болница.
Па каде живеете Вие? Дали постои болница во светот каде што нема заболен персонал од Ковид 19?
Секаде здравствените работници се со зголемен ризик за инфекција , затоа што и тие се луѓе, имаат и работни обврски и приватен живот и апсолутно е не важно од каде. Може да се заразат, иако ги почитуваат мерките за заштита.
„Можевте во Вашиот апсолутно непотребен и дегутантен прес, да одвоите барем две реченици со кои ќе им посакате на сите болни здравствени работници побрзо оздравување. Но тоа не се случи, а искрено и не очекувавме,“ се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку како во земјава, па и во Штип деновиве се зголемува бројот на заболени од ковид 19. Бројките на заболени кои што подолг период беа едноцифрени, деновиве станаа двоцифрени.
Епидемиологот Светлана Живкова за МИА вели дека голем проблем е тоа што заразените не ги посочуваат контактите и од каде доаѓа изворот на заразата. Според Директорката на Центарот за јавно здравје – Штип, Марија Димитрова, во текот на вчерашниот ден регистрирани се 25 нови случаи, во споредба со минатиот период, кога бројките на новозаразени на дневно ниво беа едноцифрени. Во текот на денешниот ден на пунктот за земање на брисеви во Центарот за јавно здравје се земени 40 брисеви и тоа на пациенти со симптоми.
„ Станува збор за домашни кластери, во моментов немаме кластери во работни организации. Околу 60 % од новозаразените се пензионери, немаме добиено информации од МАНУ дали станува збор за британскиот сој на вирусот, но наша претпоставка е дека новите бројки соодвествуваат со новата ситуација на национално ниво,“ вели во изјава за МИА, Димитрова.