По повеќе од една година: Наскоро се отвора Дизниленд – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 1:41 PM

По повеќе од една година: Наскоро се отвора Дизниленд

Забавниoт парк Дизниленд веројатно ќе биде отворен кон крајот на април, благодарение на одлуката на калифорниските власти за намалување на рестриктивните мерки по падот на бројот на заразени со коронавируст.

Се надеваме дека ситуацијата и понатаму ќе се подобрува и дека до крајот на април ќе можеме да ги отвориме нашите паркови за посетители, но со ограничен капацитет. Денот на отворањето ќе го објавиме во текот на следните денови – најави Боб Чапек, главен директор на најголемиот забавен парк во светот.

Калифорнија во петокот најави дека Дизниленд и останатите забавни паркови кои беа затворени пред една година поради пандемијата, би можеле да бидат отворени наскоро доколку не се наоѓаат во „темно црвената зона“, која претставува подрачје со најголем ризик според калифорниските стандарди.

Областа во која е Дизниленд се уште е во „темно црвена зона“, но за неколку недели би можела да прејде на некое помалку ризично ниво.

 

Фото: Unplash / James Hartono

Извор: novosti.rs