Барав помош, ги користеа моите проблеми со булимија – принцезата Дајана пред 26 години го шокираше светот со детали за кралското семејство – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 12:58 PM

Барав помош, ги користеа моите проблеми со булимија – принцезата Дајана пред 26 години го шокираше светот со детали за кралското семејство

Меган Маркл и принцот Хари на 7. Март дадоа големо интервју кај познатата Опра Винфри, а она што го кажаа за кралското семејство со денови се прераскажува во светот.

Во својата исповед, принцот и војводката од Сасекс меѓу останатото открија дека Меган за време на живењето во кралската палата помислувала на самоубиство и тоа во периодот додека била бремена.

Како што рекол принцот Хари неговото семејство се грижело неговиот син да не биде со темна боја на кожата, поради што тој и Меган решиле да го напуштат кралското семејство.

Гледајќи наназад низ историјата, интервјуата кои биле главна светска тема и за кои се зборува и ден денес ги има неколку. Едно од нив е познатото интервју на принцезата Дајана во 1995 година, кое за тоа време веројатно било и пошокантно отколку ова, за кое светските медиуми не престануваат да пишуваат.

Едно од најпознатите интервјто на Мартин Башир од 1995 година со Дајана, кое е емитувано девет месеци пред нејзиниот равод од принцот Чарлс. Принцезата тогаш опишувала како „трета особа“ во кралскиот брак, признала неверство со воениот капетан Џејмс Хјуит, па зборувала за својата борба со булимијата и сомнежите во способноста на Чарлс да стане крал.

„Сето тоа укажуваше на проблеми во мојот брак. Барав помош, но сум давала погрешни сигнали, а луѓето моите проблеми со булимија ги користеа во други работи. Рекоа дека јас сум била проблем, дека јас сум била нестабилна. Но, проблемот беше во тоа што мојот сопруг и јас се обидувавме се да претставиме како да е идеално, само за да не ја разочараме јавноста, а очигледно е дека во нашите четири ѕида меѓу нас имаше многу нетрпеливост, раскажала Дајана во интервјуто кое тогаш го следеле 23 милиони луѓе.

Извор: Курир.рс