Комисијата од Лекарската комора не најде грешка, но еве јас да им кажам, моите органи се потполно здрави и единствениот наод во патолошкиот извештај е свежа крв. Ајде сега да ги прашам тие од Лекарска комора како е можно да нема грешка кога ќе се извадат здрави и прави ограни, вели Јилдз Веапоска од Дебар, која исто како и јавноста вчера беше шокирана од извештајот на Лекарска комора, кога комисијата контатирала дека нема лекарска грешка во случајот на Веапоска, кога при породување и биле извадени матка, јајник и бубрег.
-Органите се здрави и се на патологија. Јас го добив извештајот на мој начин, бидејки пополнив најава во патологија за да ги земам органите, уште во ноември, ми кажаа дека ќе ме известат, што до ден денес не го направија. Јас на мој начин дојдов до извештајот, бидејки со директорката на Патологија не може да се комуницира. Неколку пати и се јавив, но таа се преправаше дека не може да ме најде во компјутер за да провери, ниту по име и презиме ниту по матичен број. Кога и реков дали ако и го дадам архивскиот број, тогаш можеби би можела да ме најде. И, нормално, дури тогаш се сети. Да, не ми го дадоа патолошкиот извештај и јас го најдов сама. Во него, како што ми велат стручни лица со кои се консултирав, меѓу кои гинеколози и хирурзи, органите се здрави, освен што е настаното свежо крварење. Е сега нека каже комисијата зошто е настанато крварењето: После се низ што поминав, јас ќе направам и ДНК на органите за да видам дали се моите и потоа ќе ги однесам на судска медицина, за да ни послужат на суд, вели разочарано Веапоска и додава:
-Уште еднаш ги прашувам од Лекарската комора да кажат кои се членовите на комисијата и како тоа како професионалци не виделе лекарска грешка, или можеби не сакале да ја видат. Нека не се надеваат дека ќе се повлечам, ќе одам до крај. Јас утре ќе дојдам во Скопје за да ги земам и да ги однесам на вештачење и тоа не само кај нас, туку и во странство, вели Веапоска, која ни го даде хистопатолошкиот наод и ни дозволи да го објавиме.
ММС уште вчера побара одговор од Лекарска комора да се изјасни и да ги соопшти имињата на членовите на комисијата. Оттаму ни рекоа:
-Во врска со случајот со пациентката Ј.В. формирана е стручна комисија од пет члена, гинеколози, хирург, уролог и анестезиолог. Врз основа на моменталната состојба и доставената медицинска документација за што е составен извештај кој е пратен до Министерството за здравство. Во извештајот се содржани констатираната состојба, евентуалните недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можните последици по здравјето на луѓето . Министерот за здравство по разгледувањето на извештајот за надзор донесува одлука согласно Законот за здравствена заштита, се вели во одговорот на Лекарска комора.
ММС од Лекарска комора побара да ги соопшти имињата на членовите на комисијата, но, не го направија тоа.
Истиото барање го пративме и до МЗ, но одговор сеуште нема.