Коди Ферн во новата сезона од „Американска хорор приказна“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/18 8:02 AM

Коди Ферн во новата сезона од „Американска хорор приказна“

Коди Ферн ќе ја глуми „клучната улога“ во осмата сезона од „Американска хорор приказна“, објави „Варајети“.

Ангажманот на младиот глумец во серијата „Американска крими приказна: Убиството на Џани Версаче“, се чини, било полн погодок за продукциската куќа Еф-икс, инаку креатор и на двете серии.

Поднасловот на новата сезона од „Американска хорор приказна“ ќе биде – „Апокалипса“.

Ферн ќе се појави и во последната, шеста сезона на „Куќа од карти“.

 

Извор:МИА