Коди Ферн ќе ја глуми „клучната улога“ во осмата сезона од „Американска хорор приказна“, објави „Варајети“.
Ангажманот на младиот глумец во серијата „Американска крими приказна: Убиството на Џани Версаче“, се чини, било полн погодок за продукциската куќа Еф-икс, инаку креатор и на двете серии.
Поднасловот на новата сезона од „Американска хорор приказна“ ќе биде – „Апокалипса“.
Ферн ќе се појави и во последната, шеста сезона на „Куќа од карти“.
Извор:МИА