Продолжуваат да важат само ланските дозволи за движење за служени потреби – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 8:44 AM

Продолжуваат да важат само ланските дозволи за движење за служени потреби

Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека од дозволите за движење за време на полициски час кои ги издаде во текот на минатата година, продолжуваат да важат само дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби.

Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена цел, може да ја отпечат од својата е-маил адреса. Напоменуваме дека дозволите беа пратени од notification@uslugi.gov.mk.

Вработените во полиција, армија, безбедносно разузнавачки служби, здравствени установи, слободно се движат исклучиво за службени цели.

Физичките лица не е дозволено да се движат за време на полицискиот час за приватни потреби, освен во случаи кои се итни (медицинска грижа, аеродром, меѓународен превоз на патници), за што мора да најават на службата 192 во Министерството за внатрешни работи.

Економските оператори да го користат Образецот за издавање на дозволи за движење за време на забраната и посебниот режим на движење што беше користен за време на вонредната состојба, за потребите на своите вработени и за истото да го известуваат Државниот инспекторат за труд и Министерството за внатрешни работи.

За нови потврди, потребно е правните лица/институциите да поднесат барање за дозвола преку порталот uslugi.gov.mk. Дозволите за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекџилници, погребални претпријатија, аптеки и приватни здравствени установи, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени.

Сите дополнителни прашања во однос на дозволите можете да ги поставувате на: dozvoli@mioa.gov.mк информираат од МИОА.

Владата на Република Северна Македонија, поради состојбата со корона вирусот, вчера донесе одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот следниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).са