Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Претпладне ќе дува умерен јужен, а попладне засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Утринските температури од 0 до осум, а дневните од три до 13 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
Од четврток до недела, пак, ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура.