„Бомба“ на „Ла Бомбонера“: Единсон Кавани од следната сезона во Бока Јуниорс – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 8:42 PM

„Бомба“ на „Ла Бомбонера“: Единсон Кавани од следната сезона во Бока Јуниорс

Единсон не се чувствува убаво во Англија, постојат добри шанси тој од следната сезона да се пресели во Бока Јуниорс, изјави таткото на уругвајскиот напаѓач за „Superfutbol“.

Некогашниот напаѓач на Палермо летово како слободен играч пристигна во Манчестер Јунајтед и поприлично добро се снајде со оглед на шансите кои ги добиваше, но информациите кои пристигнуваат од Аргентина сугерираат дека Кавани би можел да се врати во Јужна Америка и тоа во дресот на светскиот гигант Бока Јуниорс.

„Жолто-сините“ со години се обидуваат да стигнат повторно до Копа Либертадорес, а аквизиција од ваков тип ќе претставува огромен ветер во грб кон крајната цел. Луис Кавани додаде дека неговиот син доколку се врати на континтентот, единственото место во кое се пронаоѓа е Бока Јуниорс.

Потпретседателот на аргентинскиот клуб, Хуан Роман Рикелме, лично изразил желба и зборувал со Уругваецот и според аргентинските медиуми ќе направи сè за да го доведе напаѓачот на Манчестер Јунајтед на „Ла Бомбонера“.

-Постојат 60 отсто шанси тој да се врати во Јужна Америка. Не се чувствува убаво во Англија и мислам дека од јуни ќе заигра во Јужна Америка. Доколку се врати, тој цели кон Бока. Таму сака да игра, изјави Луис Кавани.

Дали љубителите на фудбалот конечно ќе можат да ги видат Карлос Тевез и Единсон Кавани во врвот на нападот, останува да се стрпиме и сочекаме до лето.

 

 

 

 

Фото:

аа.com.tr