Словенечкиот кошаркар на овогодинешниот скратен „Ол-стар“ викенд се појави во два наврати. И во двата наврати Дончиќ не изгледаше претерано заинтересирано за сериозна кошарка, особено во Skills Challenge натпреварувањето во кое излезе на паркетот како да ќе треба да оди на излет, а не во кошаркарска соодветна опрема.
Дончиќ и самиот подоцна на „Твитер“ се пошегува дека бил под притисок и под импресии и тоа можеби највеќе се покажа во текот на претставувањето на тимовите. Некогашниот играч на Реал Мадрид се најде на победничката страна во тимот на Леброн Џејмс. Во моментите кога Дончиќ разговараше со соиграчот од екс-ју просторите, Никола Јокиќ, една од ѕвездите на вечерта Стеф Кари го „извади од памет’“ и слатко се изнасмеа.
Steph scared Luka 😂 pic.twitter.com/WALk9HfsT1
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 8, 2021
Следен пат Лука, повеќе фокус и кошарка, а помалку муабети и социјални мрежи.
Фото:
dallasnews.com