Владата треба да набави вакцини, наместо да воведува забрани и насила да турка попис, изјави Мисајловски – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 7:21 PM

Владата треба да набави вакцини, наместо да воведува забрани и насила да турка попис, изјави Мисајловски

Наместо Владата да земе целосно да се ангажира и да набави вакцини, повторно воведува некои затворања, а во меѓувреме на избори може да одат, попис на сила може да туркаат. Мерките ги носат маркетиншки и партиски немаат ефект, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Што не е јасно” на Алфа телевизија.

Мисајловски истакна дека треба повеќе разум кај власта, а прво нешто што треба да се направи е да се одложи пописот се додека здравствената состојба не го дозволи тоа и додека не се набават доволен број на вакцини.

– Ако треба да има попис, тогаш илјадници треба да попишуваат а за нив нема вакцини. Дали е логички да се одржи пописот? Треба разум. Комисијата работи како ќе им каже владата така прават. Народот психолошки веќе не може да ги издржи сите политички маневри на владата и нема логика во се ова што го прават. Мерките кои ги презедоа се недоволни, а од друга страна времето го трошат да се сликаат цел ден на црвени килими за еден пакет вакцини, а страдаат граѓаните. Добро е што стигнаа и тие вакцини, но не е доволно, истакна Мисајловски.

Тој нагласи дека најголем хендикеп во моментов е што владата нема набавено вакцини а во меѓувреме за сопствената неодговорност и неспособност го обвинува народот.

– Бројките се огромни, имавме вонредни ситуации за многу помалку случаеви, правеа политички игри за да менуваат закони и да носат уредби, направија впечаток дека нешто прават, но еве го гледаме резултатот од сето тоа. Ние сме по смртност во врвот на Европа и регионот. Кај нас никако да застане бранот и никој од власта не презема одговорност, а ги обвинуваат граѓаните. Тоа е безобразно, потенцираше Мисајловски.