Вјоса Османи: Тој што им се заканува на САД, му се заканува и на Косово – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 6:42 PM

Вјоса Османи: Тој што им се заканува на САД, му се заканува и на Косово

Вршителката на должноста претсeдател на Косово, Вјоса Османи, во денешното обраќање на испраќањето на контингентот припадници на Безбедносните сили на Косово, заедно со припадници на Националната гарда на Ајова, во мировна мисија во Кувајт, рече дека пред 22 години било тешко да се замисли оти војници од Косово можат да бидат дел од било која мировна мисија во светот, пренесува „Бета“.

Додаде и оти оваа мисија би била невозможа без поддршка на американската војска, објавува „Газета експрес“.

„Нашите војници ќе бидат секаде кога се во прашање вредностите во кои веруваме и нашите интереси, но и  тие на САД и на другите наши сојузници. Да бидеме јасни, кој им се заканува на САД и на другите наши сојузници, тој му се заканува и на Косово“, рече Османи, пренесува „Новости“.