Јоаким Лев ја напушта Германија, Клоп не е заинтересиран за селекторското место – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 6:30 PM

Јоаким Лев ја напушта Германија, Клоп не е заинтересиран за селекторското место

Репрезентацијата на Германија ќе остане без предводник по завршувањето на Европското првенство во јуни годинава, соопштија денес од Германската фудбалска федерација.

Претседателот на федерацијата изјави дека Јоаким Лев самиот побарал да се раскине соработката по цели 15 години на чело на „панцирите“. Лев од 2004 до 2006 година беше асистент на Јирген Клинсман, а во 2006 година застана на кормилото на една од најуспешните селекции во светот со која се искачи на врвот и освои злато во 2014 година во Бразил.

Медиумите веднаш започнаа со лицитација за новото име кое ќе седне на жешкото столче, а помеѓу имињата се појави и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Клоп во моментов во Ливерпул се соочува со тешка играчка и резултатска криза и таквата ситуација кај актуелниот англиски шампион би можела да го натера некогашниот тренер на Борусија Дортмунд да ја промени средината.

На новинарско прашање во врска со позицијата селектор на Германија, Клоп одговори дека не е заинтересиран за таква авантура.

-Дали сум слободен ова лето за да ја преземам репрезентацијата? Не. Јоаким Лев направи неверојатен успех, сигурен сум дека федерацијата ќе изнајде добро решение, изјави Клоп.

Германецот е веќе шеста година во Англија и со Ливерпул освои титула во Лигата на Шампионите и стана англиски прва по три децении чекање.

 

 

 

 

 

Фото:

football365.com