Филипинската полиција уби градоначалник – по грешка! – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 6:01 PM

Филипинската полиција уби градоначалник – по грешка!

Филипинската полиција убила градоначалник и двајца негови асистенти, во град во централниот дел на земјата. Во инцидентот загинале и двајца полицајци. Регионалниот полициски командант рече дека врз основа на полициските извештаи, тој може само да претпостави дека станува збор за грешка, пренесуваат агенциите.

Полициските службеници вчера попладне биле на рутинска патрола кога бил отворени оган од страна на припадници на обезбедувањето на градоначалникот на Катбаоган, Роналд Акин, кој возел со комби, изјави полицискиот командант. Полицијата возвратила на пукањето и ги убила Акин и двајцата негови помошници, додека обезбедувањето на градоначалникот убило двајца полицајци кои возеле зад неговото комби.

„Тие отворија оган кон полицајците, кои возвратија“, истакнал командантот, нагласувајќи дека истрагата е уште отворена.

Пријател на убиениот градоначалник рече дека тој отишол да го прослави роденденот на своето дете и оти е можно тој да бил цел на нападот. Неколкумина градоначалници и провинциски чиновници поврзани со нелегална трговија со дрога биле нападнати и убиени на Филипините во иминатиот период за време на владеењето на претседателот Дутерте, кој води борба против дрогата, но официјални лица велат дека убиениот градоначалник не бил поврзан со дрога.