Словенечкиот тренер со македонски корени, Сашо Филиповски, вчеравечер и официјално ја напушти клупата на белградски Партизан, по низата неуспеси во АБА лигата и Еврокупот.
Саботниот пораз од вистинскиот кошаркарски ривал од минатото, Цибона, што го „фрли“ Партизан во долниот дел од табелата на АБА лигата и борбата за опстанок, но и неубедливиот и анемичен настап на белградскиот великан во второто по квалитет европско кошаркарско натпреварување, претставуваше причина за челниците на клубот да му врачат отказ на Филиповски на сред сезона.
-По разговорите одржани поеѓу клубот и досегашниот тренер Сашо Филиповски, постигнат е договор за взаемен раскид на договорот со него и неговиот прв асистент Бобан Митев. КК Партизан НИС ја користи оваа прилика да му се заблагодари на Сашо Филиповски и Бобан Митев за времето поминато во црно-белиот табор и целокупниот труд во Партизан, стоеше во соопштението на клубот.
Смената на тренерското столче во Партизан е втора сезонава, откако Влада Шчепановиќ го напушти тимот од српската престолнина по лошиот старт во оваа кампања.
Фото:
maxbetsport.rs