Приказната зад прстенот на кралицата Елизабета II кој не го има извадено од прстот повеќе од 70 години – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 3:56 PM

Приказната зад прстенот на кралицата Елизабета II кој не го има извадено од прстот повеќе од 70 години

Кралицара Елизабета II поседува еден многу ретко парче накит, кој е чест предмет на разговор во кругот на кралското семејство. Станува збор за нејзиниот веренички прстен кој повеќе од 70 години го нема извадено од нејзината рака. Точно трикаратен дијамант кој од сите страни е опкружен со уште четири помали дијаманти. Сепак овој прстен крие една голема и интересна приказна.

Прикзаната за сведбениот прстен на Кралицата Елизабета

Митот вели дека рускиот цар Николај II и царицата Александра и подариле голема тијара со дијаманти на принцезата Алиса од Батенберг кога се омажила за грчкиот принц Андреа. По долги години подоцна, таа тијарата ја предала на нејзиниот син единец, принцот Филип како би направил прстен за неговата идна сопруга Елизабета II.

Се зборува дека принцот Филип со месеци се занимавал со дијамантскиот прстен за својата избраничка, ги искористел и другите дијаманти од тијарата за да направи ланче, кој на Елизабета II и ги дал како свадбен подарок.

Кога ја запросил во 1947 година, прстенот и бил голем, но успеале да го смалат пред официјалниот датум за венчавка. Од тогаш кралицата Елизабета овој прстен го носи секој ден и тоа веќе 72 години.

Се шпекулира дека го користи за на своите подредени им испрати порака, кога ќе почне да го врти подготвена е да стане да си оди дома.

Преземено од: https://www.blic.rs