Ерекција која трае четири часа – Нов симптом на Ковид-19? – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 9:00 PM

Ерекција која трае четири часа – Нов симптом на Ковид-19?

Научната студија која ја објави American Journal of Emergency Medicine која опфати два случаи на пријапизам кај пациенти кои биле заразени со коронавирус го отвори прашањето дали тоа може да биде нов симптом на оваа болест.

Студијата пишува дека најмалку двајца болни постари од 60 години кои имале Ковид-19, имале и ерекција која траела неколку часа.

Првиот случај бил регистриран во Мајами кај 69-годишен пациент кој страдал од гојазност и бил примен на одделението за интензивна нега. Медицинскиот персонал го легнал пациентот со лицето надолу за да му се подобри дишењето, а кога повторно го свртеле, забележале дека пенисот му е во ерекција.

Четири часа лекарите настојувале да ја прекинат ерекцијата кај пациентот, но ниту еден обид не бил успешен. На крајот, вишокот на крв од пенисот морале да ја извадат со шприц, а нешто подоцна пациентот починал од последици на Ковид.

Вториот случај бил откриен во Версај, Франција. Станува збор за 62-годишно лице заразено со Ковид кое неколку часа трпело ерекција поради тромб за кој подоцна било утврдено дека се “заглавил“ во ситните вени на пенисот. Пациентот е лечен со лек за разредување на крвта за да се спречи згрутчување и после 14 дена, лекарите успеале да го симнат од респиратор и да го продолжат лекувањето.

И досега имаше истражувања кои покажаа дека коронавирусот може да се поврзе со крвните згрутчувања, односно да предизвика тромб поради три причини.

Една од нив е хипервискозност на крвта што подразбира дека таа станува погуста па се потешко е движи. Втората причина е хиперкоагулабилност кога хемикалиите произведени со реакцијата на имунолошкиот систем можат да го олеснат создавањето тромбови во крта. И третата причина е ендотелна дисфункција.

Постои шанса Ковид-19 да предизвикал пријапизам кај тие пациенти, но се уште не е вметнат на листата со симптоми.

– Досега имавме сознанија дека Ковид-19 делува на малите крвни жили, а токму такви се ситните вени во пенисот. Но, се работи само за неколку случаи кои не можат да се поврзат за да навистина ова го вметнеме на листата на симптоми на коронавирус – коментира д-р Игор Грубишиќ, специјалист уролог кој додава дека кај заболените со Ковид-19 е е потврден зголемен ризик од создавање на крвни згрутчувања, но тромбот може да заврши било каде во било кој дел од телото и не би требало поради два случаи, пријапизмот да се поврзе со коронавирусот.

Експертите кои ги следеле овие два случаи предупредуваат дека ова би можело да биде нова последица на вирусот на која треба да се обрати внимание, но истакнуваат дека ерекцијата е всушност последица на тромбоемболички компликации.

Во друга анализа со податоци од 3.000 пациенти заразени со коронавирус, лекарите откриле тромбоза во 29,4% од луѓето примени на интензивна нега што значи дека проблемите со тромб кај Ковид пациентите не се ретки.

Извор: 24sata.hr

Фото: nypost.com, 24sata.hr