Парчиња метеорити се пронајдени во Глостершир, Велика Британија. Научниците се особено возбудени затоа што станува збор за редок вид вселенска карпа.
Имено, станува збор за јаглерод хондрит, материјал кој содржи непроменета хемиска структура од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.
Метеоритот тежи околу 300 грама. Има и други парчиња вселенска карпа кои се лоцирани откако научниците ја реконструираа траекторијата на огнената топка што го проби звучниот ѕид. Метеоритот паднал нешто пред 22 часот по британско време, во недела на 28 февруари.
Научниците од природно-историскиот музеј во Лондон потврдиле дека црно парче карпа, јаглероден хондрит што досега го немало видено во Велика Британија, удрило на пат во близина на градот Викомб, а во близина биле пронајдени повеќе други фрагменти.
Ешли Грин, научничка од музејот, изјави дека и се остварил сонот да биде една од првите луѓе што го виделе и проучувале овој многу редок метеорит.