Совет на Општина Гостивар го изгласа Регионалниот план за управување со отпад предложен од Меѓуопштинскиот совет за управување со отпад за полошкиот регион.
Во дискусијата на седницата на Советот, претставниците кои го изготвија планот нагласија дека тој се базира на разговорите меѓу општините и иницијативата „Стоп Русино” и беше на разгледување и одобрување од Министерството за просторно планирање и животна средина.
Планот предвидува, покрај собирање и управување со отпад, да се определи и нова локација за депонија и санирање на постојната која се наоѓа на територијата на Гостивар.
Според најавите, планот треба да се спроведе во три фази. До 15 мај, депонијата ќе има регулиран влез, вага за мерење на камионите со отпад, контрола на отпадот, а забрането ќе биде депонирање на медицински отпад. Посебна мерка ќе биде заштита од палење на сметот, што треба да го спроведе новоформираното јавно претпријатие „Русино-Полог”.