Руските власти тужат пет медиумски платформи, вклучувајќи ги „Гугл“, „Фејсбук“ и „Твитер“, дека наводно дека не ги избришале објавите во кои се повикуваат децата да учествуваат во нелегални протести, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на суд во Москва.
Твитер, Гугл и Фејсбук се соочуваат со по три обвиненија а секое од нив се казнува со по 54 000 американски долари.
Руските власти исто така го тужат „ТикТок“, како и „Телеграм“.
Случаевите против технолошките гиганти беа отворени по протестите низ целата земја а повод беше затворањето на опозицискиот политичар Алексеј Навални.
Гугл одби да го коментира пишувањето на Интерфакс, а Фејсбук, Твитер, ТикТок и Телеграм сè уште не одговориле на барањето за коментар.
Сослушувањето во Судот ќе се одржи на 2 април.
nova.rs