Тестирањето на сите пријавени кандидати за попишувачи и инструктори за пописниот Реон 16 ќе се одржи на 11 и 12 март а ќе се одвива во фискултурната сала на гимназијата „Славчо Стојменски“, информираше денес претседателката на пописната комисија Соња Китанова.
„Списоците на сите пријавени кандидати се објавени на огласната табла на општинската зграда, на вратата на фискултурната сала и на влезната врата на ЦОУ „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. Списокот е објавен и на веб страницата на општина Штип“, информираше Китанова.
Во текот на овие два дена, тестирањето ќе се одвива во три термини-10, 12 и 14 часот.
Сите кандидати задолжително на тестирањето мора да носат со себе маски KN-95.
„Без такви маски на кандидатите нема да им биде дозволени да учествуваат на тестирањето.на влезот на салата на кандидатите ќе им биде мерена температурата и доколку некој согласно протоколите има температура повисока од 37,2 ц.степени, нема да му биде дозволено да влезе на тестирањето. Исто така апелираме до сите пријавени кандидати, доколку во семејството имаат болен или сомнителен на Ковид 19 да не доаѓат на тестирање,“ додава Китанова.
На повикот за попишувачи и инструктори за претстојниот Попис 2021, за Реонот 16 кој ги опфаќа општините Штип и Карбинци и сите населени места во нив, биле пријавени 266 кадидати а потребни се 129 реонски попишувачи и 13 реонски инструктори.
„ Тоа значи дека во општина Штип имаме двојно повеќе пријавени од тие што ни се потребни. Според упатствата од ДЗС, околу 10% од нив ќе бидат ставени во резерва, бидејќи може да се случи некој да се откаже или да биде позитивен на Ковид 19 , пред да започне процесот“, изјави претседателката на пописната комисија Соња Китанова.
spisok-za-testiranje-Popis-2021