Музичкиот бенд “Тајфата” на својот јутјуб канал ја промовираше новата песна и видео запис за својот најнов производ “Љубов без крај”.
Песната е балада и според вокалот на бендот Владимир Богески целта на денешното објавување на истата е да им го честитаат празникот 8-ми Март на сите припаднички на понежниот пол, согласно можностите кои што ги има во оваа ковид пандемија.
” Денес премиерно ја објавуваме нашата нова балада “Љубов без крај” која што е снимена во студиото ” Р мјузик студиo – Рубин Димкоски”, а додека за видео записот се изработен од продукција” Тајфата” заедно со ” Фан продакшн-Зоран Пилата. Симболично го одбравме 8-ми Март со цел да им го честитаме празникот на припадничките на понежниот пол за време на оваа пандемија” рече Богески.
Музиката е на Владимир Богески, текстот е на Сара Пројковска, аранжманот е на Рубин Димкоски и Владимир Богески.
Вокал: Владимир Богески, бек вокали Викторија Стојческа и Маја Црвенкоска, звуците на пиано ги отсвири Александар Тренчовски, а саксафонот е во изведба на маестро Живко Чиртоски и гитара Рубин Димкоски.
Во продолжение да ја слушнеме одличната балада на “Тајфата” вашето мислење можете да го напишете во коментар.