Во поликлиниката Букурешт утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“. Во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник V“, информираат за МИА од Министерството за здравство.
Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.
-Поради проширувањето на ковид капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здарвство