Состојбата во училиштата е стабилна, изјави денеска Министерката за образование и наука, Мила Царовска во услови кога во земјата се зголемува бројот на новозаболени од короновирусот.
,,Состојбата во училиштата е стабилна со физичкото активно присуство во наставата. Последниот извештај вели дека има заболени некаде околу 35 ученика и околу 60 наставници, што е многу помалку од да речеме при крајот на првото полугодие.Сите протоколи се спроведуваат, нема интерно ширење на болеста, така да може да се рече дека состојбата е стабилна,“ вели Царовска.
Засега, додава Царовска, не се размислува за поинакви мерки во училиштата.