Пејачката Емина Јаховиќ наводно го тужела поарнешниот сопруг, пејачот Мустафа Сандал, бидејќи не платил алиментација за синовите 26 месеци, после што и тој и вратил со тужба за старателство врз Јаман и Јавуз, бидејќи „таа не е подобна мајка“.
Турскиот пејач во тужбата навел дека неговата поранежна сопруга повеќе време посветувала на козметичката линија, отколку на синовите, како и дека за децата наместо мајката се грижат дадилки.
„Мустафа полуде кога му стигна тужбата од Емина за неплаќање на алиментација. Тој после разводот ги помагаше финансиски Емина и децата, но престана кога сфати дека таа заработува повеќе од него! Емина од тогаш не му побара ниту евро, но неодамна пресече, го тужеше и за тоа зборуваше во медиумите“, рекол неименуван извор и додал дека поранешните сопружници разговараат само преку адвокат.
„Мустафа не сака никаков контакт со Емина, па му рекол на адвокатот дека и тој сака да ја тужи Емина. Сандал во тужбата навел дека Емина е невнимателна мајка, бидејќи синовите ги остава на дадилките, додека таа патува и целото време го посветува на козметичката линија. Затоа сака да и го одземе старателството.“
Пејачката не сакала ниту да ги потврди, ниту да ги демантира овие наводи, но рекла дека „е тажно што после толку години имаат таков проблем“.
„Законот во Турција сериозно ги штити жените, затоа е добро што се се случува овде во Турција, а не во Србија. Веројатно на крајот некако ќе се договориме“, рекла Емина.
Извор: Мондо.рс
Фото: Инстаграм