Да го загрее креветот, да ја држи сламката од пијалокот – најбизарни барања на познатите од асистентите – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 8:30 AM

Да го загрее креветот, да ја држи сламката од пијалокот – најбизарни барања на познатите од асистентите

Работата на асистентите на познатите личности секако има свои предности, но често се случува и да вклучува некои прилично чудни „барања“.

Така „Мирор“ на едно место ги собра некои од најчудните искуства на асистентите, односно барањата на познатите.

Канје Вест

Раперот имал многу строги правила која е во прашање облеката на неговите возачи. Наводно барал барал се што носат да биде од памук, бидејќи не поднесувал вештачки материјали.

Мараја Кери

Популарната пејачка веќе долго важи за една од познатите личности со најмногу барања. Така во 2008 година, нејзините соработници Дејвид и Кери Грант тврделе дека изнајмила некој кој ќе и го држи пијалокот и сламката.

„Имаше жена која и го држеше пијалокот со сламка. Тоа е се што таа правеше, лета низ светот како држач на пијалоци“, рекле тие.

Ешли Греам

Манекенката признала во една прилика дека нејзините асистенти правеле се и сешто.

„Една жена мораше да ги врши сите работи, и тоа додека носеше примерок од мојата столица. Дури подоцна ја однесе на лекар. Правеше се за мене“, изјавила Ешли.

Бруно Марс

Секако една од најбизарните работи на оваа листа е што асистентот на Бруно Марс наводно му го држел марамчето додека го издува носот во него.

Лејди Гага

Пејачката која неодамна настапи на инаугурацијата на Џо Бајден еднаш е видена како нејзиниот асистент ја носи во прегратки бидејќи била „премногу уморна“. Освен тоа, наводно од своите асистенти бара и да и го загреат креветот пред да легне во него.

Ева Лонгорија

Нејзината асистентка имала наједноставна задача – на филмскиот фестивал во Кан 2012 година, морала да и го мести фустанот додека актерката позира на црвениот тепих.

Извор: Б92.нет