Снег на неколку патни правци низ државава, сообраќајот без забрани – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 8:08 AM

Снег на неколку патни правци низ државава, сообраќајот без забрани

Врнежи од снег утринава има на Попова Шапка, Маврово, Стража и Пресека, но, според информациите од јавното претпријатие „Македонија пат“, снегот не се задржува на коловозот.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози и засега без забрани.